Експлозија на паркирано возило причина за пожарот во бараките на ЈП Улици и патишта

Експлозија на возило паркирано во близина на бараките на ЈП Улици и патишта е причината за пожарот кој ноќеска избувнал во просториите.

Од Територијалната противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, вели дека на местото на настанот има сеуште екипи кои работат на догасување на пожарот, пренесува ММС.


„Причините се надворешен фактор од возило паркирано пред бараките кое експлодирало. Штетата е голема, сеуште на местото на настанот има екипа која работи на догасување и сеуште не е комплетно затворен пожарот. Нема повредени и жртви, пожарот избувнал во 1 часот и 50 минути. Во пожарот учествувале шест возила и 19 пожарникари. Првични информации неофицијални се дека опожарено возило паркирано покрај објектот, се случила експлозија и така е зафатена бараката. Сеуште немаме влезено во просториуите, бидејќи сеуште дежураат претставници на пожарна и на МВР и сеуште се догасува. Од првичните сознанија сите простории се опожарени“, изјави Настов за ММС.“, изјавил Симоновски.

 

22.12.2021 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега