Германскиот град Албштат е завиен во црно по стравичната експлозија на гас што рано утринава во 5 часот избриша станбена зграда од лицето на земјата. Во урнатините на својот дом, животот го загубија три лица – млада брачна двојка на возраст од 33 и 30 години и нивното шестгодишно дете.
Над 200 спасувачи и пожарникари со часови водеа битка со времето, надевајќи се дека ќе најдат преживеани под тоните бетон. За жал, по сложената операција за отстранување на шутот, телата на членовите на семејството беа пронајдени без знаци на живот. Градоначалникот Тралмер изрази длабоко сочувство, истакнувајќи дека ова е најцрниот ден за населбата Тајлфинген.

