Експертите потврдија дека постои врска помеѓу сексот и среќата

Истражувањето кое го спроведе Универзитетот во Торонто открива дека постои врска помеѓу сексот и количината на среќа.

Ако во моментот сте во врска природно е да се забележите колку често останатите парови имаат секс. Тоа што е корисно да се знае, е дека постои стандард за сексуална вклученост. Сексологот Џес Орајли вели дека премалку или премногу секс варира од личност до личност.

Освен тоа, кога сте опкружени со секојдневен стрес, сосема е нормално да не ви е до секс, но и ако сакате да го унапредите својот сексуален живот, нема ништо лошо во тоа. Всушност, постои веројатност дека доколку имате повеќе секс во врската ќе биде позадоволни и посреќни во неа.

-Се чини дека сексот еднаш неделно е доволен за одржување на врската и зголемување на среќата во неа. Но, доколку сакате повеќе секс, за тоа треба да разговарате со партнерот, вели Орајли.

Податоците на истражувачкиот тим вели дека лицата на возраст од 29 години имале секс околу 112 пати годишно, што отприлика е по два пати неделно. Паровите од 30 до 39 години признаваат дека секс имаат 86 пати годишно, додека постарите од 45 години имаат еднаш неделно секс.

-Некои луѓе имаат среќна врска и немаат секс. Постојат луѓе кои имаат помалку желба и тоа е сосема нормално вели Орајли.

Важно е да се знае дека сексот ја ублажува напнатоста во врската. Колку почесто имате секс и сте поотворени еден кон друг, толку е поголема веројатноста полесно да комуницирате со вашиот партнер.

Меѓутоа, тоа што не водите љубов секоја вечер, не значи дека не сте среќни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 21:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега