Експерти за историски, археолошки и образовни прашања на Македонија и Грција одржаа состанок

Министерството за надворешни работи соопшти дека во понеделникот на 19 октомври се одржал состанок на заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања на Република  Македонија и на Република Грција, основан согласно членот 8 став 5 од Договорот од Преспа. Следниот состанок на Комисијата, се очекува да се одржи во ноември.

Во заедничкото соопштение од петтиот состанок на интердисциплинарниот комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања се наведува дека поради Ковид-19 се одржал по електронски пат и бил во колегијална и конструктивна атмосфера.

-По меѓусебното запознавање, двете делегации врз основа на утврдените Заклучоци од предходните состаноци на Комитетот разменија информации за покренатите прашања од програмите, школските книги и соодветниот пропратен материјал на двете земји. Двете страни се согласија да продолжат со остварување на мандатот кој им е доверен согласно Преспанскиот договор во согласност со принципите и целите на УНЕСКО и на Советот на Европа. Двете делегации се согласија дека што поскоро треба да се одржи нивниот следен состанок, по можност и во ноември 2020 година, се наведува во заедничкото соопштение од Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања на Република Северна Македонија и на Република Грција, основан согласно членот 8 став 5 од Договорот од Преспа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега