Екс градоначалникот на Лозово осуден на казна затвор
Казна затвор за поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски од СДСМ одреди Основниот суд во Свети Николе. Според пресудата тој е осуден на казна затвор во траење од година и шест месеци за „несовесно работење во службата“ и оштетување на буџетот на локалната власт.
Судот 4 март годинава одлучил покрај затворската казна, да плати 2.285.044 денари како оштета на општината.
Велковски, додека бил градоначалник, склучил договор за реализација на проект на 19.6.2019 година, со ДГТУ Еврорадба инжинерин ДООЕЛ, за што пак, на 27.12.2019 потпишал договор за финансиска помош за истиот проект со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во износ од 2.285.044 денари. Услов за исплата на средствата бил проектот да се заврши до 31.12 2020 година. Но, Василевски, неколку пати, без основ, го продолжувал рокот за изведба со ДГТУ Еврорадба инжинерин ДООЕЛ, со што рокот бил продолжен до 15.5.2021 година, а буџетот на општината оштетен поради нарушување на договорот со финансиерот, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа