Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие во Делчево поради „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, поднесе кривична пријава против С.С. од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.
Пријавениот, во својство на службено лице-директор на ЈКП ,,Брегалница‘‘-Делчево ја злоупотребил својата службена положба и овластување и во периодот од декември 2023 до април 2024 година, не го испочитувал општиот Колективен договор за јавниот сектор и Законот за работни односи, при што на 76 вработени во ЈКП ,,Брегалница‘‘ не им исплатил уште по 3.500 денари по вработен, со што ги оштетил вработените со вкупна сума од 266.000 денари.
Актуелно
- Утрово нова акција на МВР: Запленети уште 21 тон марихуана
- Алиу од Тирана: Основањето на Пан-албанскиот колеџ на хирурзи ги подигнува стандардите во здравството
- Муцунски по изборот во ИК: Силна и стабилна партија е предуслов за силна држава
- Компостирање во ровови – практична техника за справување во био-отпадот од домаќинствата во пери-урбани и рурални средини
- Димитриеска-Кочоска по реизборот во ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Ова е време на мудри одлуки за поголеми победи
- Дневен хороскоп: Шкорпиите расчистуваат со минатото, Рибите ќе дознаат важна информација за иднината
- Се појави шуга во АРМ: Двајца војници изолирани и испратени на домашно лекување
- ВМРО-ДПМНЕ: СДС во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а од друга страна бараат тие што возат без возачка дозвола да се казнат

