Според официјалните мерења на квалитетот на амбиенталниот воздух, Скопје денеска се наоѓа меѓу најзагадените градови во светот.

Според платформата IQAir, денеска во 14:45 часот, главниот град на Македонија беше на петтото место по загаденост, откако претходно накратко беше и меѓу првите три најзагадени.

Пред Скопје, на листата по загаденост се наоѓаат градови од Азија: Лахоре (Пакистан), Колкута и Њу Делхи (Индија), како и Сараево (Босна и Херцеговина).

Листата на топ 10 најзагадени градови ја заокружуваат градови од Кина и Пакистан, што значи дека Скопје, веднаш по Сараево, денеска е втор најзагаден европски град.

Exit mobile version