ЕК побара од Косово и Србија да се воздржат од провокации

Европската комисија (ЕК) ги повика Србија и Косово да се воздржат од провокации, откако Приштина најави дека ќе аплицира за членство во Советот на Европа.

Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека ќе одговори на оваа најава затоа што тоа ги прекршува постоечките договори од Брисел и Вашингтон.

За Европската Комисија е важно Белград и Приштина да продолжат со дијалогот под медијаторство на ЕУ и да се однесуваат конструктивно.

12.05.2022 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега