Во египетскиот град Ел-Ариш се основа координативен центар за Газа, сличен на Центарот за цивилно-воена координација во израелскиот град Кирјат Гат, само помал, изјави арапски дипломат за Тајмс оф Израел.
Како што навел неименуваниот функционер, центарот што се основа е всушност координативен механизам за земјите посреднички, меѓу кои се Египет, Катар, Турција и САД. Таа координација моментално се спроведува од Каиро, додаде дипломатот.
Засега е нејасно дали Израел ќе има претставник во новиот центар.
Центарот во Ел-Ариш, меѓу другото, ќе се фокусира на одржување на мирот во областите на Газа контролирани од Хамас, како и на помошта што се испраќа таму преку Египет.

