Ефтимов: Протестот на 18 јуни е одговор на барањето на граѓаните, тој ќе биде и исчекор кон предвремени парламентарни избори

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дајанчо Ефтимов во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат-М, каде што додаде дека овој и протестите кои што ќе следат во наредниот период ќе бидат израз на револтот на граѓаните и истите ќе бидат исчекор кон предвремени парламентарни избори кои ќе доведат до променат на власта.

„Протестите се, всушност, вториот чекор од најавени партиски активности. Најпрво беше активната блокада, втор чекор ни се протестите, тоа е одговор на барањето на граѓаните. Бидејќи во една влада каде 63% од граѓаните во јавното мислење немаат доверба во неа, граѓаните секојдневно се соочени со галопирачка инфлација, со секојдневни егзистенцијални проблеми кои што ги тангираат и во однос на оваа неспособно раководство во менаџирањето на овие кризи, неопходно е изразување на граѓанскиот револт со протест, а тоа ќе биде исчекор за предвремени парламентарни избори“, рече Ефтимов.

Посочи дека, поради владината неспособност да се справат со последователните и неколкукратни кризи, Македонија во моментов се соочува со најголемата инфлација во последните 20 годи, каде што цената на нафтените деривати со 50-65% најмногу се зголемени кај нас во однос на цела Европа, и каде што цените на основните продукти се зголемени некаде за 50-100 проценти.

„Во моментов имаме најголема инфлација во последните 20 години, во моментот имаме најголемо покачување во проценти на  горивата во цела Европа, во Италија имаме 7% покачување на цената на горивата, во Германија 12, во Словенија 13, во Холандија 17, додека во Република Македонија имаме 50-65 отсто раст на цените на горивата. Ако на тоа ја додадеме и инфлацијата каде што цените на основните продукти кои што граѓаните најмногу ги купуваат имаме зголемување на цените за над 50%, а некаде имаме и сто отсто инфлација“, рече Ефтимов.

Тој посочи дека во вакви услови на зголемување на цените имаме ситуација каде што граѓаните бараат да се демонстрира нивната волја преку протести, а секако ова е исчекор за понатаму да имаме и предвремени парламентарни избори.

„Бидејќи граѓаните бараат, но власта нема слух, дека им е потребна промена, а тоа се потврди и со фактот дека актуелното владино мнозинство не може да ги спроведе реформите. Ние всушност имавме и активна блокада каде што во дадениот момент, доколку не беше опозицијата, повторно истите не може да донесат ниту еден закон“, потенцираше Ефтимов.

16.06.2022 - 23:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега