Едвај спасил жива глава скокајќи од прозор: Изгоре домот на познатиот актер од серијата „La Casa de Papel“
Мигел Херан, ѕвездата на серијата „La Casa de Papel“ се спасил од пожар со скок низ прозорец од својот дом.
Актерот на Инстаграм објавил снимка од пламенот кој му го проголтува станот, а за да се спаси, морал да скокне од прозорецот од спалната соба.
Имено, во текот на ноќта во неговата куќа во Авила во Шпанија избувнал пожар и му го уништил домот. Шпанскиот актер, кој е најпознат по улогата на Рио во серијата на Нетфликс, плаче на видеото и извикува: „Не ми се верува“.
Иако пожарникарите брзо го изгаснале пожарот, Мигел открил дека во пожарот бил уништен голем дел од неговиот дом, како и речиси сите негови лични работи.
Мигел за локалните медиуми изјавил: „Пожарот ме зафати додека спиев и се разбудив од звукот на мојата куќа како гори. Избегав низ прозорецот од мојата соба“.
Авила е град кој се наоѓа северозападно од главниот град Мадрид, на околу 100 километри. Засега не е јасно што го предизвикало пожарот во станот на младиот актер.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа