Во Собранието денеска ќе се одржи едукативната активност „Имам став“, наменета за ученици од средните училишта.

Според информациите од собраниската прес-служба, во активноста ќе учествуваат ученици од СОУ „Раде Јовчевски Корчагин“.

„Имам став“ е симулација на постапката за разгледување предлог-закон во рамки на Собрание на Република Северна Македонија, преку која учениците практично се запознаваат со законодавниот процес.

Целта е на младите да им се доближи работата на Собранието и начинот на носење закони, со што се поттикнува развој на демократската свест, критичкото размислување и нивната општествена и политичка ангажираност.

Exit mobile version