Едно од најубавите доживувања за Лила: Водителката откри колку чини летање со балон во Капдокија
Лила Филиповска неодамна се врати од патувањето во Турција, поточно од Кападокија и Истанбул, а по пристигнувањето дома во Скопје, се уште под импресии имаше многу да раскаже.
Таа на Инстаграм го сподели речиси целото искуство од патувањето, а сега одговараше и на прашања поврзани со истото.
Едно од поинтересните прашања од следбениците кое го доби беше која е цената за летање со балон.
-Цената по човек е 150 евра, а летот трае околу еден час, гласеше одговорот.
Таа одговори и на прашањето како балонот се спушта на замја.
-Па, полека без нагли движења, долу чекаат луѓе кои помагаат при спуштањето и единствено кога слетува на земја има мал тресок од ударот кој е релативно благ, а луѓето треба малку да потклекнат и да ги свиткаат малку колената, детално објасни Лила.
Таа објасни и какво е чуството додека лебделе во воздухот со балон и откри дека биле на 900 местри височина.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа