Едно лице почина од коронавирус на Инфективното одделение во Струмичката болница

 

Маж на 67 годишна возраст од струмичко синоќа починал на Инфективното одделение при Струмичката болница од нагло губење на кислород во белите дробови предизвикано од коронавирусот, соопшти директорот на Центарот за јавно здравје Петре Витанов.

Лицетото било примено пред четири дена на Инфективното одделение и не потекнува од досега познат кластер. Членовите на семејството на починатиот се во изолација и се под здравствен надзор.

Според Витанов, последните случаи во Струмичкиот регион се нови и се од непознат кластер.

Денеска се извршени 12 тестирања на пунктот на Центарот за јавно здравје во Струмица, а директорот Витанов информираше дека сите термини за тестирање до сабота се пополнети.

Досега во Струмица се евидентирани 34 случаи позитивни на Ковид-19, од кои три лица починаа, 15 се оздравени, а 16 се активни. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2020 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега