Корисниците од неколку улици во општина Чаир денеска ќе се соочат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Од ЕВН Македонија АД информираат дека прекинот е поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Според известувањето, без електрична енергија ќе бидат корисниците од следните локации:

  • улица „Покриена Чаршија“
  • улица „Самарџиска“

Прекинот е предвиден да трае во периодот од 07:30 до 13:30 часот. Станува збор за дел од корисниците лоцирани во Старата скопска чаршија.

Exit mobile version