Close Menu
    Најново

    Историска исправка на „Св. Апостол Павле“: Аеродромот доби имотен лист по 60 години функционирање без документи

    31.12.2025 во 14:05

    Со една лиценца покривале 16 клубови: Кривична пријава за фирма од Кадино и нејзиниот управител

    31.12.2025 во 13:28

    Трагедија во гостиварско: 69-годишник го загуби животот при превртување на трактор

    31.12.2025 во 12:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Историска исправка на „Св. Апостол Павле“: Аеродромот доби имотен лист по 60 години функционирање без документи
    • Со една лиценца покривале 16 клубови: Кривична пријава за фирма од Кадино и нејзиниот управител
    • Трагедија во гостиварско: 69-годишник го загуби животот при превртување на трактор
    • Димитриеска-Кочоска: Новата 2026 година ја пречекуваме со стабилизирани јавни финансии и поголема економска сигурност
    • Обвинение за „испумпани“ 22 милиони евра од буџетот преку фиктивни згради и станови
    • Јаневска: Нашите ученици се радоста и гордоста на оваа земја – 2026 нека биде година на знаење
    • „Швајцарско“ возило полно до врв со експлозив: Царината заплени над 40.000 петарди на Блаце, приведен гостиварец
    • „Трагедијата во Кочани ќе не следи како сенка“: Сиљановска-Давкова во новогодишната честитка побара правда за жртвите
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Една недела дена пред вториот круг од локалните избори

    Една недела дена пред вториот круг од локалните избори

    26.10.2025 во 10:16
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Вториот круг на локални избори ќе се одржи точно за една недела, на 2 ноември. Според податоците на Државната изборна комисија, вториот круг ќе се одржи во 32 општини и Градот Скопје. Противкандидатите за градоначалничките места се очекува оваа недела да ја интензивираат својата кампања со митинзи и средби со граѓаните. 

    Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе присуствува на маалски митинзи во Брвеница, каде ќе се обрати и кандидатот за градоначалник, Јовица Илиевски, потоа во Скопје во Центар, во Карпош каде ќе се обрати и кандидатот за градоначалник, Сотир Лукровски и во Долно Нерези.

    Лидерот на СДСМ Венко Филипче, пак, денеска ќе биде во посета на Општина Аеродром, каде ќе даде изјава за медиумите.

    Вчера караванот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата одржа мини митинзи во Лозово, Росоман, Демир Капија и Неготино. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа од митинзите апелираше до граѓаните за поголема масовност во вториот круг, со цел да се заокружи бројката од 59 градоначалници во вториот круг и со тоа да се потврди, како што рече, историски најголемата победа во Македонија и да продолжи развојот на државата и општините.

    Мицкоски се осврна и на тоа дека на овие избори граѓаните јасно ја изразија својата волја и довербата која ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата каде што во првиот круг освои 33 градоначалници, наспроти три од СДСМ, а тоа е отприлика победа 11 спрема еден, а во втор круг влезе во 26 општини.

    Оваа недела се очекува телевизиски дуел меѓу двајцата ривали за Град Скопје – Орце Ѓорѓиевски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица. Во фокусот на нивната кампања изминатата недела беше отпадот и начинот на негово собирање во главниот град.

    Кандидатот за градоначалик од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски смета дека со добра организација во главнот град проблемите можат брзо да се решат и дека во првите 72 часа ќе се спроведе голема акција за чистење на градот, во која ќе бидат вклучени сите општини, јавни претпријатија и општествено одговорни компании.

    Мециновиќ, пак, претстави план за решавање на проблемот со отпадот, преку санација и реформа на јавното комунално претпријатие. Тој презентираше иновативно решение за третман на отпадот, кое, според него, веќе се користи во неколку европски градови.

    И градоначалниците на неколку скопски општини вчера продолжија со средбите со граѓани. Кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Тој на центарци им ги најави клучните проекти за вториот мандат –  тоа се модерен дом за стари лица, нова градинка, набавка на две цистерни и пет метларки, ограничување на движењето на возилата во Дебар Маало за намалување на сообраќајниот метеж, изградба на две монтажни катни гаражи… Кандидатот за градоначалник од истата партија за Општина Аеродром Александар Трајановски, најави јавен увид во сите буџетски трошоци, како и отворени денови со градоначалникот и со членовите на Советот, каде што секој граѓанин ќе може лично да постави прашање, да даде предлог или да иницира расправа за прашања од јавен интерес.

    Синоќа истече рокот за пријавување на болни и немоќни лица за гласање, додека за два дена завршува и рокот за пријавување на лицата во домашен притвор. Овие лица, како и затворениците и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите односно на 1 ноември.

    Од ДИК информираат и дека во тек е пријавувањето на набљудувачите за вториот круг на изборите.

    ДИК во четвртокот на јавна седница ги одби сите 57 приговори, поднесени за првиот круг од локалните избори. Триесет и седум од нив се однесуваат на постапката за утврдување и сумирање резултати од гласањето, а 20 приговори беа за самата постапка за гласање.

    Во првиот круг на 19 октомври локалните избори завршија во 43 општини, додека во Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа каде излезноста на гласачите беше една третина од вкупниот број запишани гласачи постапката за избор на градоначалник се повтори и тоа во рок од 60 дена од денот на објавувањето на конечните резултати.

    Популарно

    Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

    30.12.2025 во 21:35

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24

    Дрзок грабеж среде бел ден: Романци ја нападнале продавачката и побегнале со златото, но не стигнале далеку

    31.12.2025 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.