Една криптовалута чини колку еден стан: Биткоинтот никогаш не вредел повеќе
Вредноста на биткоинот денеска се искачи на новото највисоко ниво од 82.000 долари, покажуваат податоците на берзата.
Во 12:45 часот, Биткоинот беше продаден за 82.015,19 долари на најголемата берза за криптовалути Binance, додека неговата вредност во исто време на берзата Koindex беше уште поголема и изнесуваше 82.149,47 долари.
Крипто-пазарите позитивно реагираа на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во Соединетите Американски Држави, а бранот на многу добро расположение кај инвеститорите се уште е присутен, јавува CNN (CNBC).
Инвеститорите веруваат дека новиот американски претседател, кој се декларира како поддржувач на криптовалутите, ќе овозможи овој пазар да процвета.
Вредноста на биткоинот е повеќе од двојно зголемена од овогодинешното ниско ниво од 38.505 долари, пишува Ројтерс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа