Единствена Македонија: Зошто Заев, Ковачевски и Пендаровски денес не се во Мелник на одбележувањето на 107 години од убиството на Јане Сандански?

 

Вчера цела Македонија во Битола го виде антимакедонското парадирање на македонските јаничари од власта во Софија кои не издржале во историјата и кои бараат да прифатиме дека сме измислена нација. Молкот на власта во Скопје значи одобрување на вчерашното јавно понижување во Битола на македонскиот народ и
македонската држава.

Исто така, вчера го видовме и антимакедонското парадирање на Зоран Заев во Атина на конгрес на партијата Сириза каде го фалеше капитулантскиот договор со Грција со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Од друга страна, денес во Мелник, Пиринска Македонија, во организација на македонските организации во Бугарија се одржува Семакедонски собор со присуство на Македонци од сите делови на Македонија по повод 107 години од убиството на
големиот македонски револуционер Јане Сандански.

Единствена Македонија како и македонскиот народ прашува зошто денес не се во Мелник, Зоран Заев, Димитар Ковачевски и Стево Пендаровски да оддадат почит на
Пиринскиот цар Јане Сандански. Зошто марионетите Заев, Ковачевски и Пендаровски се срамат да го одржуваат жив споменот на Јане Сандански и сите славни Илинденци, храбрите Македонци и на нивната борба за слободна и независна Македонија?

Центар за комуникации на Единствена Македонија

17.04.2022 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега