Единствена Македонија: Зошто молк за одредбата од Договорот со Бугарија која е во интерес на Македонија?

 

„Вчера започна подарувањето на македонската историја на Бугарија со т.н. препораки на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања со кои Цар Самуил се прогласува за бугарски цар, Св. Климент и Св. Наум се испратени од бугарската држава и се хиротисани во рамки на бугарската црква и дека Охрид е бугарски книжевен центар. Сето ова ќе биде запишано во учебниците за децата во Македонија“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Единствена Македонија соопшти дека со неверување го гледаат „антимакедонското поведените на македонските членови во Комисијата кои го премолчуваат и она што е корисно за Македонија од штетниот договор со Бугарија“.

„Се премолчува членот 8 став 2 од Договорот кој предвидува мешовитата македонско-бугарска комисија да врши објективно и засновано на автентични и на докази засновани исторски извори, научно толкување на историските настани. Но, сведоци сме на еднострано толкување само на македонската историја иако треба да се толкува на научни основи историјата на двете страни (држави.) Македонија молчи и одбива да бара доследна примена на Договорот за толкување на историјата на двете страни со што ќе се види разликата во македонската и бугарската историја, односно, ќе се дојде до историската вистина која базира на историски извори дека Бугарите имаат татарско-монголско потекло“, велат од партијата.

Единствена Македонија ја обвини Владата дека е марионетска и македонските членови во Комисијата биле со изгубено национално чувство со задача да подарат на Бугарија се што е македонско.

„Единствена Македонија се заветува пред македонскиот народ дека никогаш нема да ја предаде Македонија, нашата земја, нашата татковина. Ќе ги поништиме антимакедонските договори. Македонија е нашата татковина. Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, се бориме и за Македонија“, потенцираат од партијата.

16.08.2022 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега