Единствена Македонија: Власта го укинува студентскиот оброк, а Спасовски си обезбеди бесплатно јадење и пиење за време на работа

Единствена Македонија со соопштение обвини дека единаесет пратеници од власта на СДС по скратена постапка предлагаат во Собранието укинување на студентскиот оброк за голем број студенти.

„Од друга страна, со измени во интерните правни акти во МВР,  министерот Оливер Спасовски, негови заменик Назим Буши, државната секретарка во МВР Магдалена Несторовска и директорот за Бирото за јавна безбедност и најтесниот круг вработени во нивните кабинети добиваат бесплато јадење и пиење во специјалниот ресторан во министерската зграда во МВР каде е сместена оваа самопрогласена полициска елита. За разлика од нив, десетици илјади вработени во МВР вклучително и полицајците кои секојдневно на терен се соочуваат со големи предизвици и опасности сами од сопствен џеб си ја плаќаат храната во текот на работното време. Да потсетиме, Спасови и полицкската елита има плати од 65.000 до 80.000 илјади денари а полицајците околу 25.000 денари и наместо полицијаците да добиваат бесплатна храна во текот на работното време, беспалтно јадење и пиење добива врвот во МВР“, велат од партијата.

Единствена Македонија вели дека со новите законски измени студентите ќе треба сами да си го плажаат оброкот.

„Сега, со најновите законски измени предложени од власта на СДСМ и студентите сами ќе треба да си го плаќаат оброкот кој досега го добиваа под субвенцирани услови. Владата на СДСМ го допре дното. Ова лудило мора да запре. Мора да се воспостави системот со чесни и честити политичари. Единствена Македонија нема да стои на страна и заедно со народот мора да го дадеме одговорот“, се вели во соопштението.

12.11.2022 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега