Единствена Македонија: Власта го подарува на Украина истото оружје кое го купивме од неа

 

Единствена Македонија соопшти дека се шокирани во партијата од одлуката на владата во Скопје за подарување оружје на Украина од најмалку две причини.

„Прво, ова е истото оружје кое Македонија го купи токму од Украина во војната во 2001 против албанските терористи. Македонија во 2001 година потроши половина од сумата што ја доби од продажбата на Телеком за 800 милиони тогашни германски марки или 400 милиони марки се потрошија во 2001 за воени потреби. Со невидена леснотија владата сега го подарува оружјето - тенкови, хеликоптери, авиони.. кое во 2001 година го купувавме од Украина. Надвор од секоја човечка логика е да го подаруваш оружјето на субјектот од кого претходно си го купувал“, се вели во соопштението.

Од партијата додаваат дека  Македонија со подарувањето на оружје на Украина продолжува со тешките провокации спрема Русија. Ова е преседан во меѓународните односи, како една држава самата си работи против сопствените интереси. Марионетската влада во Скопје не може да разбере дека со лигавење не се води политика и дека полтроните секој ги посакува, но никој не ги цени.

 

04.08.2022 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега