Единствена Македонија: Владата на СДСМ наместо подобар живот, од НАТО и ЕУ донесе само лоши работи - хомосексуализам и дрога
Единствена Македонија преку соопштение порача дека Владата на СДСМ не донела ништо добро во Македонија, иако граѓаните очекувале подобар живот.
„Марионетската влада на СДСМ секојдневно ја бомбардира јавноста дека Македонија отвора светла страница и економски напредок со евроатланските интеграции од каде ќе се истурат милијарди евра во Македонија и сите ќе бидат среќни и весели.
Веќе стана практика марионетите од СДСМ, а отворат уста да излажат. Наместо подобар живот, владата на СДСМ од НАТО и ЕУ носи само лоши работи, како, хомосексуализам, дрога, проституција, грабеж на народни пари, безаконие, криминал и корупција.
Потврдата за ова е заокружена со вчерашната т.н. парада на гордоста. Владата на СДСМ од вчера тргна да ги руши и македонските традиционални и семејни вредности со финансиската и морална подршка од власта на т.н. парада на гордоста на луѓето со поинаква природна ориентација.
За Единствена Македонија нема дилема. Заедно со македонскиот народ и државјаните на Република Македонија остануваме на првата линија во поткрепа на традицијата, бракот и семејството. Како одговорна партија, новата легална власт на Единствена Македонија ќе овозможи соодветен инстиуционален третман на луѓето со поинаква природна ориентација во обидот за нивно враќање во нормалното и прифатливото“, соопштија од Единствена Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа