Единствена Македонија: Тајната оперативна постапка за испитување на потеклото на имотот на Бачев со пим мерки за контрола на телефон е недозволиво
Единствена Македонија од патриоти во Службата доби информација дека е покрената тајна оперативна постапка за испитување на потеклото на имотот на претседателот на партијата Јанко Бачев. Одлично, дотолку повеќе, низ годините токму Единствена Македонија постојано повторува дека спасот на Македонија е во чесни политичари.
Единствена Македонија жали што не стана парламентарна партија и народот нема можност да види анкетен лист на претседателот Бачев за имотната состојба и како е дојдено до неа.
Загрижува фактот што е заведена тајна оперативна постапка со недозволиво повторно ставање под тајна контрола на телефонот на претседателот Бачев со т.н. пим мерки.
Можат да не следат и прислушкуваат, но, никакви притисоци нема да не уплашат оти нашата борба е исправна. Нашата борба е борба за Македонија, Македонците и државјаните на Македонија.
Единствена Македонија со нетрпение очекува завршување на постапката, а наша сугестија до истражителите е да обрнат внимание на граничната 1990 година за да се види кој уште со распадот на СФРЈ влезе во независна Македонија со имот, а кој во политиката влезе како голтар и во изминатиет 30 години на бандитски начин се стекна со имот од позиција на власт.
Новата народна власт на Единствена Македонија доаѓа, таа се навестува и потеклото на имотот ќе биде испитано реално и вистински на сите бандити од „А“ до „Ш“ кои со грабеж преку ноќ од комунисти станаа капиталисти.
Центар за комуникации на Единствена Македонија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа