Единствена Македонија со фер понуда до Ковачевски: По силниот шамар од Бугарија дека македонскиот идентитет е фалсификат, повлечи се од договорот Бугарија, побарај прошка од народот и ајде на избори

По повод првите сто дена од владата која денеска одржа и специјална тематска седница, се покажа дека марионетската влада на Димитар Ковачевски нема институицонален капацитет за справување со проблемите. Владата на СДСМ доживеа целосен дебакл на своите политики на внатрешен и надворешен план.

На внатрешен план владата на СДСМ плива во беззаконие, криминал, корупција и национално предавство. На надворешен план, народот не го прифати предавството на владата на СДСМ со прифаќањето на непристоен пазар: датум за преговори за членство во замена за бришење на се што е македонско за некое обично ветување дека во некоја иднина Македонија ќе стане членка на Унијата иако таквото ветување само по себе е незивесен факт, необврзувачка изјава, која, прашање е дали може со сигурност да се тврди дека во некоја иднина од триесетина години и навистина би се остварило, дотолку повеќе, прашање е дали до тогаш Европската унија и ќе опстане.

После силниот шамар што го доби Ковачевски пред пет дена од бугарскиот државен врв дека Македонија гради идентитет заснован на фалсификати, Единствена Македонија му нуди фер понуда на Ковачевски да се повлече од Договорот со Бугарија да побара прошка од народот и да се распишат нови избори.

26.04.2022 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа