Единствена Македонија: Скандал, според службени белешки на АНБ - претседателот Бачев следен и прислушуван од тајната полиција

 

-Ја информираме јавноста дека патриоти од Агенцијата за национална безбедност синоќа покажаа документи во партијата дека цела 2018 година и понатаму, спрема претседателот на партијата Јанко Бачев биле преземени мерките тајно следење и тајна контрола на телефон, се вели во соопштението на Единствена Македонија испратено денеска до медиумите.

„Да потсетиме, во 2018 година Единствена Македонија го предводеше Националниот блок „Македоникја-Бојкотира“ во кој се здружија 84 македонски организации од земјата и странство за водење на кампања за бојкот на референдумот и против промена на името - Република Македонија.

Забеганоста на тајната полиција одела до таму што на големиот собир на Единствена Македонија пред руската амбасада на 3 април 2018 година во опкружувањето на Бачев имало озвучен човек за да може да снима што Бачев зборува со тогашниот руски амбасадар Шчербак кој стои на собирот до претседателот Бачев. Има уште еден од раководството на Единствена Македонија на сликата кој бил врбуван од службата.

Ова е само по себе скандал, бидејќи, АНБ наместо да се занимава со својата работа за откривање на странски шпиони, недозволиво се занимавала со партијата Единствена Македонија и имала продор со соработници во раководството на партијата. Исто така, предмет на прислушување биле и лица од дипломатскиот персонал на руската амбасада.

Единствена Македонија најавува институионална битка за разоткривање на овој скандал. Ова не смее да помине незабележано, одговорност за злоупотребата на тајната полиција мора да има, и ќе има“, стои во реакцијата на Единствена Македонија.

27.02.2022 - 18:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега