Единствена Македонија: Шпионскиот скандал со тајното следење и прислушување на претседателот Бачев штотуку започнува

 

 

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев на 3 јуни годинава поднесе барање до Агенцијата за национална безбедност, со цел, добивање на известување за тајното следење и прислушување од страна на АНБ.

 

Единствена Македониај соопшти дека барањето се темели на членот 51 од Законот за Агенцијата за национална безбедност со кој се дава властување на АНБ да ги известува поедниците доколку им  е повредено правото на приватност, но, директорот на АНБ иако е во законска обврска да одговори во рок од 30 дена - молчи.

 

„За Единствена Македонија овој шпионски скандал штотуку започнува со преземањето на една поактивна улога најмалку на три нивоа: прво, жалба до вторстепениот орган поради молчење на управата бидејќи АНБ во рок од 30 дена не одговори на барањето на Бачев,  второ,  барање до францускиот претседател Макрон да го одбие барањето на агреман за амбасадор во Париз да биде назначен директорот на АНБ кој е предложен од македонската влада, бидејќи следи и прислушува политички неистомисленици во земјата, и трето, запознавање на Комисијата за истраги на ЕУ во Брисел во врска со незаконското следење и прислушување на претседателот Бачев од страна на АНБ“, велат од партијата на Бачев.

 

Единствена Македонија соопшти дека ќе се бори до крај за  тајното следење и прислушување, не само заради Бачев, туку генерално за сите, бидејќи „недозволиво е АНБ да ги следи и прислушува политичките неистомисленици“.

 

 

25.08.2022 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега