Единствена Македонија: Правда на македонски начин - за удирање клоца 15 години затвор, а за пукање со пиштол 4 месеци затвор
Единствена Македонија реагираше по изречената казна на Јонуз Енузи - Кока.
„Со вчерашната пресуда за Јонуз Енузи - Кока е поразена идејата за правна држава. Енузи е осуден на 4 месеци затвор за пукање со пиштол додека се протестираше против бугаризацијата, а Јане Ченто на пример, според зборовите на судиката Кацарска при изрекувањето на пресудата е осуден на 15 години затвор за удирање на Зијадин Села со црвен чадор, а на Зоран Заев му удрил клоца“, порачаа од партијата.
Со ваквите судски пресуди излезе на виделина двојниот арши на македонските судови. Јавноста се прашува и очекува одговор од кога тоа удирањето клоца стана поопасно од пиштол, велат од Единствена Македонија.
„Македонците во сопствената држава секојдневно се изложени на политичко-полициски прогон и стануваат граѓани од втор ранг додека припадниците на албанското малцинство веќе толку се охрабрија што не фермаат ниту устав и закон.
Република Македонија ќе оди напред само кога законите ќе важат за сите. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме таквите кои Македонците во сопствената држава ги направија граѓани од втор ранг“, се вели во нивното соопштение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа