Единствена Македонија: Покажете им ја вратата на академиците - Албанци кои сакаат да ја делат МАНУ
Единствена Македонија испрати соопштение во кое посочи дека поминале два дена од радикалната најава на т.н интелектуалци Албанци за поделба на Македонската академија на науки и уметности и формирање на посебна албанска академија на науки и уметности, а од страна на МАНУ - тишина.
Единствена Македонија во своето соопштение вели дека партијата и македонскиот народ се силно изненадени и го осудуваат целосниот молк и плашливост на МАНУ во врска со агресивниот поход на т.н. албански интелектуалци во земјата во обидот за рушење на МАНУ.
„Единствена Македонија ја потсетува МАНУ дека има примарна задача да ги брани националните интереси, а не да биде нем набљудувач на обидот за рушење на МАНУ како институција од национално и државно значење.
Затоа, Единствена Македонија ја повикува МАНУ веднаш да им ја покаже вратата на аакдемици - Албанци во МАНУ кои сакаат да ја делат МАНУ и слободно да им порача да си заминат. Доотлку повеќе, и така нема фајде од овие квази албански интелектуалци кои позициите ги добиваат врз основа на проценти, а не со знаење, способност и достигнување“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа