Единствена Македонија: Оддадовме почит на бранителите кои загинаа кај Вејце - во случајот вмешан и Талат Џафери

 

Делегација на Единствена Македонија предводена од претседателот Јанко Бачев денес, петок, 28 април 2023 им одаде почит на бранителите кои загинаа кај Вејце, информираат од партијата преку писмено соопштение испратено до медиумите.

„Пред дваесет и две години на денешен ден беа ѕверски убиени во еден од најкрвавите и најбрутални масакри во поновата македонска историја. Осум македонски бранители кај Вејце го положија животот во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Од околу 80 македонски бранители кои загинаа во Татковинската војна, речиси на прсти можат да се избројат тие што загинаа во директна борба со албанските терористи и речиси сите загинаа во заседа. Интересно е што во македонското министерство за внатрешни работи има документ од кој што може да се види кој се  нарачателите и извршителите, таа терористичко-диверзантска група како е обучувана на Косово и е пратена тука да го изврши масакрот.

Дури, и за собранискиот спикер Талат Џафери фатени се негови сигнали од касарната во Тетово како го прикажува движењето на бранителите на терористичката ОНА“, стои во соопштението.

-Затоа, ова мора да се расветли и новата народна власт ќе мора да ја расветли контроверзната смрт на македонските бранители во 2001 година. Дотолку повеќе што, за сите нас како Македонци, а посебно за роднините, семејствата и пријателите на загинатите многу повеќе ги боли тоа што не ја знаат вистината од погибијата на своите најмили. Мора да ја расветлиме контроверзната смрт на македонските бранители, бидејќи, не можеме да гледаме напред ако минатото не прогонува, ако не прогонува контроверзната смрт на македонските бранители, велат од Единствена Македонија.

Македонските херои никогаш не умираат, додаваат оттаму.

28.04.2023 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега