„Единствена Македонија“: Ковачевски лаже суши за средба со Блинкен, трчал по ходнициите во Минхен да се слика со него
Марионетсиот премиер Димитар Ковачевски продолжува каде што застана неговиот претходни Зоран Заев. Продолжува да влегува од лага во лага, велат од „Единствена Македонија“.
„ Ковачевски вчера беше жив фатен во нова лага за наводна средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Минхен, Германија. Ковачевски лично објави дека имал средба со Блинкен и, како што вели, средбата била многу срдечна.
Вистината е дека Ковачевски немал средба со Блинкен, туку само трчал по ходниците во Минхен за да се слика со него, а сликата ни ја прикажува како да имал средба со американскиот државен секретар“, посочуваат од партијата.
Потврда за лагата на Ковачевски, како што додаваат, дошла од најкомпетентното место – американскиот Стејт департмент, кој ја објави агендата за сите средби на Блинкен во Минхен. Но, од агендата се гледа дека Блинкен немал средба со Ковачевски за време на неговиот престој во Минхен ниту, пак, Стејт департментот објави за таква средба, се наведува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа