Единствена Македонија до владата: Како не ви е срам, барањето на СОНК за покачување на платите од 18,4 отсто ви е преголемо, а вашите плати од 90.000 денари се нормални
Марионетската влада во одговор на барањата на СОНК за покачувањето на платите на наставниците и воспитувачките за 18,4 отсто вели дека било преголемо во ваква криза.
Истовремено, владата постојано се фали со покачување на платите во градинките и училиштата во периодот 2017-2021 и таму платите во моментот биле 25.000 денари.
Единствена Македонија прашува за каква криза зборува владата кога главната криза во државата е владеењето на беззаконие, криминал, корупција, непотизам и национално предавство. Исто така, како може барањето на СОНК за покачување од 18, 4 отсто на плати од 25.000 да биде преголемо, а во исто време владините министри да земаат по 90.000 денари.
Единствена Македонија ја повикува владата доколку искрено верува дека земјата е во криза и дека сите треба солидарно да ги чуствуваме последиците од кризата, веднаш да ги намали платите на владините министри за половина и на тоја начин да пренасочи средства за покачување на платите на наставниците и воспитувачките кои заслужуваат подостоинствена позиција, бидејќи нивните плати се под секое човечко достоинство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа