Единствена Македонија: Благодарност до Руската црква, а негаторите на Македонија ќе завршат на буништето на историјата

 

Единствена Македонија преку соопштение изрази благодарност до Руската православна црква за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија.

„Да потсетиме, Единствена Македонија на 25 мај годинава побара од Руската православна црква признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА (линк: https://edinstvenamakedonija.mk/description.php?id=3152 .И еве, пред два дена ја слушнавме радосната вест од Руската православна црква со која се исправи историската неправда спрема МПЦ-ОА. Таквиот чекор е од исклучително значење земајќи ја предвид водечката улога на  Руската православна црква меѓу православните цркви. Врските меѓу Македонската православна црква - Охридска архиепископија со Русија и Руската црква како стари словенски центри се континуирани низ вековите и датираат од времето на македонските просветители Кирил и Методиј“, се вели во соопштението.

Единствена Македонија им порача на сите негатори на македонската црква, нација и држава дека ќе завршат на буништето на историјата.

27.08.2022 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега