Единствена Македонија: Бараме од РПЦ да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА

 

Единствена Македонија преку соопштение побара од Руската православна црква да ја признае автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

Единствена Македонија побара од Руската православна црква признавање на автокефалноста на Македонската православна црква. Таквиот чекор е од големо значење, земајќи ја предвид водечката улога на  Руската православна црква меѓу православните цркви.

Врските меѓу Македонската православна црква - Охридска архиепископија со Русија и Руската црква како стари словенски центри се континуирани низ вековите и датираат од времето на македонските просветители Кирил и Методиј.

Но, од разноразни причини Руската православна црква досега не ја признаваше Македонската православна црква - Охридска архиепископија иако секогаш беше подготвена да им пружи православна помош на браќата во Македонија.

Единстевна Македонија искрено се надева и ја очекува радосната вест од Руската православна црква да ја исправи историската неправда спрема МПЦ-ОА и безусловно да обајви признавање на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија“, објави Единствена Македонија.

Единствена Македонија

 

25.05.2022 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега