Единствена Македонија: Али Ахмети да не си игра со оган, затоа што овојпат ќе се изгори

Единствена Македонија објави соопштение во кое порача дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети не треба да си игра со оган бидејќи Македонците се при крај со своето трпение.

„Заканата на „портпаролот“ на Али Ахмети, Бујар Османи за меѓуетнички тензии доколку не се прифати францускиот документ, сугерира оган во Македонија. Потврда за ова дојде синоќа кога инструирани радикални Албанци ја нападнаа колоната луѓе кај „Мавровка“ каде активен подржувач на протестите е и Единствена Македонија.

Единствена Македонија го предупредува Али Ахмети да не си игра со оган, затоа што овојпат ќе се изгори, бидејќи Македонците се при крај со своето трпение од нивните секојдневни првокации на антимакедонска основа.

Единствена Македонија најсикрено им порачува на сограѓаните-Албанци да не помислуваат на нови тензии, бидејќи овојпат нема да си имаат работа со некое предавничко македонско раководство од 2001 година, туку ќе се соочат со македонскиот народ.

Но, прави голема грешка секој оној што мисли дека бројните привилегии што ги добија припадниците на терористичката ОНА како високи државни личности, ќе предизвикаат кај нив заборав на старите соништа за реализација на идејата за голема албанска држава, која опфаќа и територии на Република Македонија.

Единствена Македонија никогаш нема да ги предаде Македонија и Македонците и за таа цел ќе ги поништиме сите антимакедонски и антидржавни договори со кои се рушат македонската држава и македонскиот народ“, велат од Единствена Македонија.

07.07.2022 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа