Единствена Македонија: 27 април е светол датуми во поновата македонска историја, одговорност за неправедно осудените мора да има

 

„27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја. Македонски патриоти на 27 април влегоа во собранието со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат лица. На 27 април било кој да беше на местото на нападнатите ќе се случеше истото, бидејќи, претходно се создаде атмосфера дека е загрозен уставниот поредок. Ова на своевиден начин е потврдено при давањето на мандат за состав на влада на марионетата Зоран Заев, бидејќи тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов бараше гаранции токму за она за што сега се осудени лицата за 27 април, со што и претседателот ја потврди општествената опасност“. Вакви пораки испраќаат од политичката партија Единствена Македонија во писмено соопштение испратено до медиумите.

„На 27 април осудени се лица по петнаесетина години затвор. Зошто? Биле терористи. НЕ! Фрлени се во темните затворски зандани само поради неизмерната љубов кон Татковината.

Во 2001 година имаше слобода за припадници на албанското малцинство за напад на територијалниот интегритет и суверенитет на државата. Сега имаме спротивна ситуација, бараме слобода на лица кои влегоа со силна верба дека го бранат уставниот поредок.

Единствена Македонија како и македонскиот народ знае дека марионетската власт во Скопје ги осуди лицата за 27 април со лажен заштитен сведок Ц1. Одговорнот за неправедно осудените за 27 април мора да има, и ќе има“, стои во реакцијата на Единствена Македонија.

27.04.2023 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега