Единствена Македонија: 21 година се крие вистината за Карпалак

Во пресрет на утрешното одбележување на 21 година од Карпалак, Единствена Македонија повикува најпосле да се каже вистината, велат од партијата во соопштение до медиумите.

„Карпалак и натаму останува мистерија, бидејќи ниту еден државен орган не се обиде да направи истрага за да утврди што точно се случи со загинувањето на бранителите кај Карпалак.

Во Службата за државна безбедност постојат два оперативни документи од кој се гледа дека злостроството кај Карпалак можело да се избегне, доколку некој не пропуштил да преземе одредени службени дејствија што бил должен да ги преземе во интерес на безбедноста на конвојот. Сознанија имаше, а ништо не се презеде?!

Единствена Македонија повикува било кој од 120 - те пратеници како овластен предлагач според Уставот и Деловникот на Собранието, на собраниска седница да побара расправа за испитувањето на Карпалак а ние како партија спремни сме да учествуваме во расправата со презентирањето на битните податоци за Карпалак“, стои во реакцијата на Единствена Македонија.

Единствена Македонија верува дека ќе се најде пратеник во македонскиот парламент со силна национална и патриотска определба кој ќе иницира расправа за Карпалак, додаваат од партијата.

„Случајот Карпалак е од интерес не само за семејствата и роднините на загинатите туку и за Македонија. Не можеме да гледаме напред во иднината доколку минатото и понатаму не прогонува и контроверзната загуба на бранителите останува неразјасната“, стои во реакцијата на партијата.

07.08.2022 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа