Еден од затворениците кои недостасувале во затворот во Шутка воопшто не се вратил назад

 

Еден од затворениците кои синоќа недостасувале во затворот во Шутка воопшто не се вратил назад. Од МВР за „Press24“ потврдуваат дека раните утрински часови добиле пријава за побегнат затвореник.

Пријавата пристигнала во 2:47 часот дека еден од затворениците не бил во својата ќелија.

Претходно, објавивме дека Управата за извршување санкции вчера упаднала во Затворот Скопје. Директорот на Управата и инспектори констатирале дека повеќе 10 затвореници не биле во затворот, а им се јавувале за да се вратат назад.

-Над 10 затвореници не беа во своите ќелии. За мене неверојатно, но вистинито. Јас не бев таму сам, бев со инспекторки од УИС. Направен е записник. Дел од нив преку телефон биле информирани и во одреден период после час, два, се појавуваа некои од нив. Јас колку што сум информиран сабајле во полиција е пријавено само едно, ама беа многу повеќе од 10. Не беше едно, тоа едно лице веројатно ниту сабајле се нема појавено, па затоа едно е пријавено во полиција од страна на Затворот Скопје, вели Пандов.

 

20.07.2024 - 14:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега