Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    ФОТО: Падна првиот снег и во Македонија

    23.09.2026 во 11:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уставниот суд не поведе постапка за одредбите од Изборниот законик
    • Во Ормуска Теснина погоден товарен брод
    • Чистење на речните корита и други критични локации на територијата на Општина Охрид
    • Заменик-командантот на НАТО предупредува: Путин станува сè поопасен, невнимателен и склон кон ризици
    • Трамп со остри обвинувања: Канада се уништува самата себеси со неконтролирана миграција
    • Нападната и ограбена 84-годишна скопјанка
    • Папата Лав повикува на глобална акција за помош на децата мигранти
    • Манасиевски до Николовски: Кукавиците бегаат и се кријат, јавноста очекува одговори, не празни флоскули
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДЗР: „Комунална хигиена“ трошела милиони за вработувања а тоне во долгови – Возниот парк пред колапс

    ДЗР: „Комунална хигиена“ трошела милиони за вработувања а тоне во долгови – Возниот парк пред колапс

    14.07.2026 во 11:05Updated:14.07.2026 во 11:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази неповолно мислење за финансиските извештаи и законитоста на работењето на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ за 2024 година, поради низа утврдени неправилности и слабости во финансиското и оперативното управување.

    Ревизорите констатирале сериозни проблеми со возниот парк, ликвидноста, наплатата на побарувањата и управувањето со залихите.

    Од вкупно 189 специјални комунални возила со кои располага претпријатието, само 76 се во возна состојба, 80 се неисправни, а 33 се хаварисани. Тоа значи дека околу 60 отсто од возниот парк не е функционален. Дополнително, просечната старост на возилата изнесува 15 години, што го отежнува ефикасното извршување на комуналните услуги.

    „Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености во работењето на јавното претпријатие и поради нивното значење е изразено неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година“, наведуваат од ДЗР.

    Ревизорите утврдиле и проблеми со евиденцијата на имотот. Не е обезбедено правото на сопственост и не е евидентирана опрема – полуприколки во вредност од 29 милиони денари, односно околу 472 илјади евра.

    Посебен ризик претставуваат побарувањата од корисниците. Според ДЗР, побарувања во вредност од 127,4 милиони денари (околу 2 милиони евра) имаат намалена или неизвесна наплатливост, поради регистрација на корисници без соодветна верификација и без склучени договори.

    Проблеми се утврдени и кај залихите. Околу 40 отсто од резервните делови се набавени уште во 2009 година, а за нив не е извршено вредносно усогласување, иако се застарени и без реална употребна вредност.

    ДЗР посочува и дека претпријатието во 2024 година ангажирало 354 лица преку приватна агенција за вработување, без обезбедена согласност на годишните планови за вработување, при што се евидентирани расходи од 185,6 милиони денари, односно околу 3 милиони евра.

    Ревизијата открила и неправилности во пресметката на платата на директорот и кај исплатата за прекувремена работа на административни службеници.

    Финансиската состојба на претпријатието, според извештајот, е дополнително отежната поради високи обврски од 736,9 милиони денари, односно речиси 12 милиони евра. Поради намалената ликвидност, постои ризик од доцнење во плаќањата кон добавувачите, дополнителни камати и ограничување на инвестициите.

    ДЗР препорачува изработка на стратегија за обновување на возниот парк, подобрување на системот за следење на техничката исправност на возилата, како и мерки за подобро финансиско управување, зголемување на наплатата и подобрување на ликвидноста на претпријатието.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Има шанси идната недела да возиме значително поевтин дизел

    23.09.2026 во 13:41

    Шок промена: Пред неколку дена 30 степени, сега само 4 – УХМР ги измери температурите претпладнево

    23.09.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.