Close Menu
Press24
    Најново

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54

    Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал

    28.10.2026 во 16:52

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДЗР: Недостиг од кадар, опрема и стратешки планови за справување со катастрофи

    ДЗР: Недостиг од кадар, опрема и стратешки планови за справување со катастрофи

    22.09.2026 во 10:532 Mins Read
    Државен завод за ревизија
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во услови на зголемени ризици од шумски пожари, поплави и екстремни временски услови, системот за заштита и спасување во Северна Македонија не располага секогаш со потребната стратешка, институционална и оперативна подготвеност за ефикасен одговор, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР).

    Во ревизијата на успешност за функционирањето на системот за управување со кризи и заштита и спасување, ревизорите утврдиле слабости во стратешкото планирање, координацијата и управувањето со ресурсите, како и недостиг на човечки и материјални капацитети и ограничени инвестиции во модернизација.

    Особено загрижувачки се податоците за шумските пожари. Во 2024 година во Северна Македонија биле регистрирани 97.660 хектари изгорена површина, што е највисоко ниво во последната деценија и повеќе од вкупната изгорена површина во претходните шест години заедно. Според ЈП „Национални шуми“, од 2023 до 2025 година биле изгорени 82.714 хектари, со проценета штета од 133,7 милиони евра.

    ДЗР констатира дека сè уште нема усвоена национална стратегија за заштита и спасување. Изготвена е нацрт-стратегија за периодот 2026–2030 година, но не е усвоена, додека процената на загрозеност од природни непогоди и други несреќи датира од 2007 година.

    Проблем е и недостигот на кадар и опрема. Во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, од 384 систематизирани работни места за пожарникари, пополнети се само 172. Ревизорите утврдиле и застарена опрема, што влијае врз оперативната подготвеност.

    Во периодот 2022–2024 година за противпожарна заштита биле обезбедени 2,23 милијарди денари, но 98,5 отсто од средствата биле потрошени за тековни расходи, додека само 1,5 отсто биле наменети за капитални инвестиции.

    Слабости се утврдени и во управувањето со воздушните сили, материјалните средства и инспекцискиот надзор. ДЗС располага со повеќе од 30 магацини, но без интегриран систем за материјална и финансиска евиденција, а со само 14 до 17 инспектори годишно се вршат околу 1.300 надзори.

    Од ДЗР посочуваат дека системот за управување со кризи функционира претежно реактивно, со активирање дополнителни ресурси кога локалните капацитети не се доволни. Во 2024 и 2025 година повеќекратно биле прогласувани кризни состојби поради пожари.

    Како позитивен пример е издвоена Општина Охрид и Планинската спасителна служба на Црвен крст Охрид, каде е воспоставена функционална организација и координација.

    ДЗР препорачува реформи за воспоставување интегриран систем за заштита и спасување, со јасна нормативна рамка, стабилно финансирање, зајакнати човечки и материјални капацитети и поефикасен систем за мониторинг и надзор.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54

    Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал

    28.10.2026 во 16:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.