Џонсон по оставката: Ја напуштам најдобрата работа во светот

 

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска си поднесе оставка, но ќе остане на позицијата додека не се избере негов наследник.

 

„Се борев напорно во изминатите денови затоа што почуствував дека тоа е моја задача, моја должност и обврска“, вели Џонсон.

 

Џонсон кажа дека е разочаран затоа што ја напушта „најдобрата работа во светот“, но сепак смета дека иднината е светла.

 

„Ги посетив сите делови од Кралството и запознав многу луѓе кои имаат оригинален пристап кон проблемите. Времињата се мрачни, но иднината е светла“, кажа премиерот.

 

 

07.07.2022 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа