Џонсон до Путин: Твојот говор е срамен

 

На денешиот говор на Владимир Путин реагираше и Борис Џонсон, поранешниот премиер на Велика Британија. Тој го опиша говорот на Путин, кој претходно денеска најави формална анексија на четири украински територии, како „измама и срам“.

„Владимир Путин, твојот говор е измама и срам. Светот никогаш не смее да ги прифати твоите лажни референдуми или твојот суров и незаконски обид за колонизација на Украина. Ние стоиме со народот на Украина и ќе го поддржуваме без двоумење додека нивната земја не биде целосно слободна“, напиша Џонсон на Твитер.

Џонсон неколку пати досега јавно искажа поддршка за Украина.

30.09.2022 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега