Џонсон: Ако сега ги олесниме мерките, ќе бидеме целосно затворени за Нова година

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон предупреди денеска дека ако сега би се ублажиле рестриктивните мерки против коронавирусот, државата би била целосно затворена за Нова година.

 

Џонсон рекол дека акциите кои биле преземени за да се запре коронавирусот помогнале да не се сруши здравствениот систем.

„Имаме причини да веруваме дека до пролет, преку тестирање и вакцинација, можеме да ја завршиме ерата на рестриктивни мерки. Сепак, за да дојдеме до таму, прво мораме да пројдеме тешка зима, кога здравствениот систем ќе биде на удар, бидејќи ладното време и одговара на короната“, рече Џонсон на прес-конференција, пренесува Танјуг.

Во Велика Британија во последните 24 часа се потврдени 17.555 нови случаи на коронавирус, а починаа 498 лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа