Џил Бајден е позитивна на коронавирусот
Првата дама на САД, Џил Бајден e позитивна на коронавирус, објави Белата куќа.
„Оваа вечер првата дама е позитивна на тестот за Ковид-19. Моментално има само благи симптоми. Таа ќе остане во својот дом во Делавер“, изјави нејзината портпаролка Елизабет Александра.
Претседателот Џо Бајден (80) беше негативен, додаде Белата куќа.
Официјален претставник на администрацијата изјави за Си-ен-ен во понеделникот дека во овој момент нема промени во протоколите за Ковид на Белата куќа или распоредот на претседателот.
05.09.2023 - 09:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа