Џиџи Хадид позира во микро бикини од колекцијата „Американа“
Џиџи Хадид во неделата го прослави својот 27. роденден во друштво на најблиските пријатели во Zero Bond во Њујорк.
А еден ден подоцна Џиџи Хадид беше најавена како новото лице на најновата колекција на „Френки бикини“, што го носи името „Американа“.
Манекенката ја прикажа својата беспрекорна фигура во микро костими за капење од колекцијата, во чии дизајни и таа самата помогна.
Русокосата убавица се здружи со „Френки бикини“ за колекцијата бикини и салонки „Американа“, составена од парчиња во карирани, цветни и пастелни дезени.
26.04.2022 - 23:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа