Џенифер Анистон се расплака пред камерите: „Не требаше да биде вака"

Холивудската глумица Џенифер Анистон не можела да ги задрже солзите за време на гостувањето во емисијата на нејзината долгогодишна пријателка, Елен Деџенерис.

Станува збор за последната сезона на ТВ шоуто на познатата водителка Елен Деџенерис, кое се емитува веќе 18 години, а 52 годишната глумица гостувала 19 пати.

Интересно е дека Џенифер била првата гостинка кај Елен. Сега се појави како посебна гостинка, а ѕвездата на серијата "Пријатели" со солзи во очите ѝ се заблагодари на водителката што ѝ овозможила да биде дел од нејзината емисија буквално од првиот ден.

"Што е ова? Ова не требаше да биде емотивно. По ѓаволите, не требаше да биде вака", се пошегувала Џен со солзи во очите.

"Уште не е ни почнато", рекла водителката, а Џенифер истакнала дека две години не гостувала во живо. "Не се шегувам, последниот пат кога бев на ваква сцена беше во твоето ток-шоу кога гостував кај тебе", рекла глумицата на што Елен ѝ возврати: "Знам".

Елен Деџенерис најави дека ова ќе биде последната сезона на шоуто после цели 18 години. Оваа вест осамна откако беше обвинувана поради "токсичното работно опкружување" во шоуто и токму поради тоа "Ворнер Брос" одлучи да го прекине шоуто на познатата водителка.

18.09.2021 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега