Џафери: Жалам што како возрасни не успеавме да изградиме побезбеден свет за децата

Драги деца, жалам што како возрасни не успеавме да изградиме побезбеден свет за децата. Свет каде ниту едно дете нема да биде лишено од семејната топлина, од мирниот сон во својот дом и од топол оброк, отворени училишни врати и квалитетна здравствена нега, кога ќе е потребна. Вие сте наша одговорност, наша совест и тоа што го правиме, она на што ве учиме и за што ви даваме личен пример е тоа во што ќе го претворите светот и вие во иднина.

Ова денеска го истакна собранискиот претседател Талат Џафери, на настанот „Децата го преземаат Собранието“, по повод Светскиот ден на детето.

Тој кажа дека му е драго што на овој значаен јубилеј, на 30-годишнината од ратификувањето на Конвенцијата за правата на децата и 30 години од работата на УНИЦЕФ, избрано е токму Собранието како претставничка институција на граѓаните, за да се одбележи денот.

- Вие сте идните граѓани на оваа земја и оваа денешна пленарна седница е можност за ваше информирање за тоа која е улогата на законодавниот дом, која е моќта на законите кои се гласаат тука и колку е важна надзорната улога што ја имаат избраните пратеници врз извршната власт, односно министрите кои ги ставаат во живот пишаните законски одредби, рече Џафери.

20.11.2023 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега