Џафери примен на инфективна клиника

 

Претседатателот на Собранието, Талат Џафери, денеска е примен на Клиниката за инфективни и фебрилни болести при Универзитетскиот клинички центар во Скопје „Мајка Тереза“, јавува 360 степени.

Информацијата за „360 степени“ ја потврдиле и од неговата матична партија, ДУИ.

-(Примен е н.з.) на системска контрола. На тестирањето (за ковид-19 н.з.) е негативен, велат од ДУИ.

И од неофицијални извори, „360 степени“ дознава дека Талат Џафери бил негативен на тестот за Ковид-19, но дека повеќе симптоми укажувале на присуство на вирусот. Тој e во стабилна состојба, но има пневмонија.

Талат Џафери на 21 јули (во вторникот) за  „Плусинфо“ изјави дека се тестирал за Ковид-19 и дека тестот му е негативен. Најави дека ако треба ќе направи уште еден тест, пред одржувањето на конститутивната седница на Собранието.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2020 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега