Џафери потврди: Љубомир Фрчкоски е предложен за амбасадор во ОН

Во Собранието е пристигнат предлот од МНР за професорот Љубомир Фрчкоски да биде амбасадор во Обединетите нации во САД, потврди денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери на прес-конференција.

-За Љубомир Фрчкоски доставен е предлог од МНР, истите се доставени до Комисијата за надворешни работи, но засега не е свикана седницата – рече Џафери.

Ова практично е потврда на гласините дека поранешниот министер за внатрешни ќе биде шеф на мисијата при Организацијата на Обединетите нации.

Претходно, прекината беше постапката за негово назначување за амбасадор на Македонија во Соединетите Американски Држави откако против него кампања поведе Обединета македонска дијаспора.

 

28.09.2021 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега