Џафери: Илинден е симбол на стремежот за подобро утре

Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка по повод 2 август – Илинден бидејќи не се обраќа од Мечкин Камен.

-Илинден е симбол на стремежот за подобро утре, за подобар живот на идните генерации, поправедно општество, напредок и повисоки вредности. Во ова исклучително време на предизвици, на овој посебен ден да се потсетиме на двата Илиндена; на Крушевскиот манифест и на идејата водилка на АСНОМ за слободна, независна и просперитена Република Северна Македонија, почитувајќи, уважувајќи и потпирајќи се на ближниот, на сограѓанинот, на соседот. Ви посакувам убав празничен ден со вашите семејства и посакувам што побрзо, преку почитување на мерките, разум и добро однесување, да го надминеме и предизвикот COVID – 19 и секој празник да го одбележуваме масовно, сплотено, слободно, се вели во честитката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.08.2020 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега