Џафери доби внук

Претседателот на Собранието, Талат Џафери доби внук. Тој преку социјалната мрежа Фејсбук информираше дека неговата ќерка се породила

-Благословени и пресреќни сме по веста дека ќерката Бесиана на свет го донесе нашиот внук, Фрашер. Двајцата се добро, на нас е да се радуваме на убави моменти, напиша Џафери на Фејсбук.

 

Jemi të bekuar dhe shumë të lumtur pas lajmit se vajza Besiana e solli në botë nipin tonë, Frashërin! Të dy janë mirë,...

Posted by Talat Xhaferi on Wednesday, 12 August 2020

Тој вчера се откажа од намерата за денеска да закаже продолжение на конститутивната седница.

Од собранието само кратко соопштија дека Џафери се откажал поради објективни семејни причини.

Тој вчера прво ги задолжил собраниските служби да започнат подготовки за одржување на утрешното заседание, а подоцна во медиумите потврди дека таа ќе се одржи во 15 часот.

Џафери вчера не знаеше какво мнозинство има Заев поради кое Пендаровски денеска ќе му го додели мандатот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа